Банки & Осигурителни компании

Кои методи ги користите за намалување на потрошувачката на гориво?
Дали Вашите возила безбедно ги транспортираат вредните предмети и стоки?
Дали возачите ги пријавуваат патувањата направени за приватни цели?

Иако флотата е составена од возила со мала носивост, нивното користење на дневна основа генерира високи оперативни трошоци. Во овој случај, поделбата во субфлоти ќе го подобри следењето и одлуките кои ги носите за секоја од субфлотите.

Начинот на кој возачите управуваат со возилото значително влијае на потрошувачката на гориво. Доколку можете да го следите начинот на кој возачот го управува возилото и неговото користење во приватни цели, многу е полесно да го контролирате трошењето на горивото и да ги намалите трошоците.

Кражбата на осигурените возила или вредни предмети претставува голема загуба и претставува ситуација тешка за менаџирање доколку немате мерки за претпазливост на флотата.

Како може SafeFleet да Ви помогне во управување на флотата?

Обезбедување на транспорт на вредни предмети и стоки

Голем дел од возилата користени во банкарскиот сектор се користат за транспорт на вредни предмети и стоки. SafeFleet ви овозможува безбедност на транспортот преку сензори за врати и аларми кои се вклучуваат доколку вратите се отворат неавторизирано.

Копче за паника е друг уред кој се инсталира на дофат на возачот и може да се активира во итни случaи. Вие и диспечерскиот центар ќе бидете веднаш известени со текстуална порака, преку е-маил или доколку сте вклучени на апликацијата, за да можете веднаш да интервенирате на локацијата на инцидентот.


Доколку возилот е украдено, SafeFleet овозможува далечинска блокада на моторот на возилотот. Во SafeFleet Порталот можете да контролирате активација и деактивација на опцијата за блокада, и со тоа имате потполна контрола на превозот на вредната стока.

Управување на тимот за продажба

Поделба на возниот парк

SafeFleet порталот ви го олеснува следењето бидејќи ви дава можноста за детално следење на возилата со поделба на субфлоти според територијата на која овие возила оперираат или според одделите во компанијата (продажба, поддршка, Транспорт на вредни стоки).

 

Проверка на идентитетот на возачот

Со помош на клучот за Идентификација (iButton), SafeFleet ви овозможува да воспоставите систем кој помага да одредите кои возачи се авторизирани за користење на возилата и да идентификувате кој возач кое возило го користи. Оваа опција успешно се користи од страна на нашите клиенти кои превезуваат вредни стоки.

 

Профил на управување на возачите со возилото

 

Со помош на функциите на SafeFleet кои ги следат начинот на управување на возачите со возилото можеме да креираме профили за секој посебно кои се базираат на: нагло забрзување или кочење, сообраќајни незгоди, пречекорување на дозволената брзина или неоправдано статус на мирување на возилотот со вклучен мотор.

Патувања за приватни потреби

 

Недостатокот на разграничување помеѓу патувања за приватни цели и оние кои се направени за службени цели, може да влијае на трошоците за гориво. Со помош на SafeFleet, можете да поставите работен распоред директно во апликацијата или да оставите возачите сами да ги означат патувањата направени за службени или приватни потреби. Функцијата Геозони овозможува дополнителна контрола со надгледување на реоните кои возачите ги посетуваат.

 

Патни налози за возилата

Со користење на извештајот кој автоматски се генерира во SafeFleet апликацијата, немора повеќе да се грижите за патните налози на возилата кои често се некомплетни или погрешно се пополнети.

 

Контрола на трошоци за гориво

 

SafeFleet ви овозможува да ја следите потрошувачката на гориво преку 4 методи: со дигитална сонда, со читање на информациите од борд компјутер преку FMS, информации врз база на полнења на гориво и преку просечна потрошувачка. Со помош на функциите на апликацијата, ќе бидете во можност да ја утврдите потошувачката за приватни потреби и посебно за деловни потреби.

Компании во сектор на Осигурување и Банкарство кои користат решенија на SafeFleet

               

          

Побарај понуда!!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close