Градежништво

Како управувате со машините кои работат на повеќе градилишта?
Дали успевате да ја контролирате потрошувачката на гориво?
Дали возачите и операторите ги вршат активностите во согласност со воспоставените правила?

Во полето на градежништвото, возилата и машините од флотата се инволвирани во комплексни операции при отварање, сервисирање и оперирање или затварање на градежни локации. Следење на оперативните трошоци и следење на машините често пати е тешко, особено кога истите се користат на повеќе градилишта.

Трошоците за гориво можат да станат тешки за следење доколку не ги знаеме точно работните часови потрошени на патување до градилиштето и работните часови на градилиштето. Бидејќи нема мерки за следење на самото место, може да се случат кражби на гориво и режим на мирување на возилото со вклучен мотор, кои доведуваат до неоправдани трошоци за флотата со која управувате.

Бидејќи немате чиста слика за статусот на флотата, многу е тешко да проверите дали сите возила и машини се користат од авторизираните возачи и оператори и во согласност со планираните активности. Ова доведува не само до зголемување на трошоците, туку и ја намалува ефикасноста на флотата.

Како може SafeFleet да Ви помогне во управување на флотата?

Мерење на потрошувачката на гориво

Градежните компании можат да имаат високи трошоци за гориво поради големата потрошувачка на гориво при извршувањето на работи на градилиштето, кога возилото работи во место со вклучен мотор, но и поради недозволени патувања и кражба на гориво.

Со помош на SafeFleet, со инсталирање на дигитални сонди или со читање на информации од борд компјутер преку FMS, можете да ја следите потрошувачката на горивото, и увидите дали има кражби и недозволени патувања.

Следење на возилата и машините

Со помош на уредите и SafeFleet апликацијата, ќе биде многу полесно да се ги следите движењата и активностите на возилата. Можете да ги видите моменталните позиции на возилата на мапа, последните активности на возилата, како застанувања, паркирања и направени патувања.

Следење на машините на градилиштата

Преку функцијата Геозони, SafeFleet овозможува означување на градилиштата и известувања кога некоја машина ќе излезе или влезе во работниот простор.

Активностите на градилиштето можат да бидат надгледувани и со помош на сензори инсталирани на самите приколки на камионите, со кои би се следел бројот на товарења и истоварувања од машините.

Со помош на клучот за Идентификација (iButton key), полесно е да се идентификува возачот кој управува со одредена машина или возило.

Компании кои се во полето на Градежниот сектор и користат SafeFleet решенија.

                                 

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close