Дистрибуција

Дали Вашите возила безбедно ги транспортираат вредните предмети и стоки?
Колку добро функционира комуникацијата помеѓу возачот и диспечерот?
Дали Вашите методи за намалување на трошоците за гориво се ефикасни?

Како менаџер на флота за вршење дистрибуција, морате да водите сметка на повеќе фактори кои можат да влијаат на времето да испорака, на квалитетот на услугата и на чинењето/цената на испораките. Една од активностите на компанијата, е и да водите сметка на возилата од Вашата флота, на стоките кои се превезуваат и на возачите во целиот дистрибутивен ланец.
Без добар менаџмент на транспортот и на возилата, времето на испорака често може да биде надминато. Доколку немате дополнителни документи за транспортните услови под кои стоките се превезуваат или доколку неможете да обезбедите безбедност при транспортот, тешко е да се справите со поплаките од клиентите. Недостатокот од било каква контрола на флотата, предизвикува проблеми во менаџирањето и повисоки оперативни трошоци.

Како SafeFleet може да ви помогне да управувате со флотата?

Управување на флота

 

Двонасочна комуникација со возачот

 

SafeFleet Ви овозможува двонасочна комуникација со возачот преку апликацијата SafeChat, каде што диспечерскиот центар може да испраќа задачи или пораки кон возачите, и возачите можат да одговорат директно преку апликацијата која е инсталирана на нивните паметни телефони.

Креирање на рути

SafeFleet ви овозможува да поставите предифинирани рути/патеки на движење или да генерирате рути и да ја пресметате најкратка рута преку апликацијата за да стигнете до крајната дестинација.

Следење на возилата и сообраќајот

Со помош на GPS системот, SafeFleet порталот овозможува брзо ажурирање на позицијата на возачот. Исто така, имате можност да ја проверите состојбата на сообраќајот и доколку е потребно да ги насочите возилата на друга рута.

 

Патни налози за возилата

 

Патните налози за возилата автоматски се генерираат во SafeFleet порталот во согласност со законската регулатива. Со помош на овие извештаи, повеќе немате потреба да се грижите за патните налози кои се погрешно пополнети или нецелосни.

Обезбедување на стоки при транспорт

 

Проверка на идентитетот на возачот

 

Доколку повеќе возачи користат исто возило, многу е важна нивната идентификација за да има соодветно следење на возилата. Ова е овозможено со клучот за идентификација (iButton key).

Избегнување на кражби

Без разлика на вредноста на транспортот, кражбата на стоката може да предизвика серија на проблеми за Вашата компанија. SafeFleet гарантира безбедност при транспорт преку сензори за врата и аларми кои се активираат доколку вратата на возилото се отвори од страна на неавторизирано лице. Во случај на кражба, преку SafeFleet апликацијата можете бргу да го лоцирате возилото и далечински да го блокирате моторот, со цел да имате целосна контрола на стоката која ја транспорирате.

Во случај на кражба, преку SafeFleet порталот вие можете многу брзо да го лоцирате возилото и далечински да го блокирате моторот, и со самото тоа ќе имате целосна конторола на транспортирана стока.

 

Овозможување на оптимални транспортни услови

 

Доколку сте вклучени во дистрибуција на лесно расиплива стока или на животни, температурните сензори на SafeFleet Ви овозможуваат испорака на стоката во соодветните услови.

Контрола на трошоците

 

Следење на потрошувачка на гориво

 

SafeFleet Ви овозможува следење на потрошувачката на гориво преку 4 методи: со дигитална сонда, со читање на информации од борд компјутер преку FMS, според полнењата на гориво и според просечната потрошувачка.

 

Начин на управување на возачот со возилото

 

Потрошувачката на гориво е строго поврзана со начинот на управување на возачот со возилото. Преку SafeFleet Порталот можете да видите доколку возачот има агресивен стил на возење и можете да превземете мерки кои водат до намалување на трошокот за гориво и ќе ја намалите можноста за добивање на казни поради пречекорување на дозволената брзина.

 

Патувања за приватни потреби

 

SafeFleet Ви овозможува да направите разграничување помеѓу патувањата направени за приватни и службени цели со помош на функцијата Геозона. Оваа опција можете да ја поставите директно во апликацијата или да оставите возачот сам да го забележи старт и стоп моментот за патувањата направени за приватни и службени потреби.

Компании во полето на Дистрибуцијата кои користат SafeFleet решенија

 

Употребата на SafeFleet системот им овозможува на дистрибутерските компании видливи резултати кои можат да се измерат. Нивната релација со клиентите значително се подобрува поради нормализирањето и ефикасноста на дистрибутивниот процес.

Откога нашите клиенти почнаа да го користат SafeFleet системот, забележаа зголемување на дистрибуираната стока за 50% бидејќи максимално ги оптимизираа рутите и го скратија времето на неактивност.

              
         

Побара Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close