Земјоделство

Дали вашите возачи работат на доделените земјоделски површини?
Дали успевате да заштедите на гориво?

Вашата улога е да ја координирате активноста на возачите и да бидете сигурни дека ја обработуваат зададената земјоделска површина, имајќи на ум дека оваа површина не е јасно физички ограничена. Возачите можат да излезат од работната површина или да го користат возилото за други цели, да обработуваат земјиште на други сопственици, трошејќи гориво и амортизација на возилото.

Во Ваша одговорност е да надгледувате и да ги имате под контрола трошоците за одржување и оперативните трошоци кои ги генерира зголемената потрошувачка на гориво на тешките товарни возила.

Како може да Ви помогне SafeFleet во управување со фотата

Региони од интерес

Со помош на ова решение можете на мапа да исцртате земјоделски региони кои ќе се обработуваат, и Вие и вашиот дипечерски центар можете полесно да ги надгледувате истите.

Известувања за Геозони

Со помош на SafeFleet порталот, секое излегување/пречекорување од овие предефинирани зони во ГПС системот, се сигнализира преку известување на предефиниран телефонски број. На овој начин елиминирате зголемена потрошувачка на гориво, дополнителен работен ангажман и работно време на земјоделски области надвор од зададените региони

Потрошувачка на гориво

Извештаите за активности кои се генерираат во SafeFleet Portal се исклучително важни за менаџерските одлуки кои се донесуваат за да ги направат активностите и трошоците поефикасни. Деталните извештаи овозможуваат ралични информации во однос на патувањата кои ги вршат возачите како што е потрошувачката на гориво во било кој временски период.

Постојат два различни методи за следење на потрошувачката на гориво на секое возило:

  • Со дигитална сонда;
  • Со читање на информациите од борд компјутер преку FMS.

Помеѓу овие два методи, најкористен метод е оној со дигитална сонда, додека мерењето преку FMS зависи од техничките карактеристики на возилото.

SafeFleet овозможува прецизно мерење на потрошувачката на горивото и интеграција на.

SafeFleet преку различни уреди (сонда, FMS) врши прецизно мерење на потрошувачката на гориво, и преку интеграција со SafeFleet потралот овозможува следење и проверка на потрошувачката на гориво.

SafeFleet исто така ви овозможува и следењето на потрошувачката на гориво преку сензор вграден во капакот од резервоарот на цистерната. Со овој сензор можете да следите полнења на гориво од цистерна и можете да идентификувате можни кражби на гориво.

Вакви информации се исклучително важни за управување на флотата, земајќи во обзир дека најголемите трошоци се генерираат со потрошувачката на гориво.

За секое возило може да ги добиеме следните информации:

  • километража
  • количество на гориво
  • период во кој возилото мирува
  • потрошувачка додека возилото мирува, потрошувачка додека се движи
  • вкупна потрошувачка и просечна потрошувачка пресметана преку аплиакцијата

Истек на документи и технички преглед

Преку навремено и соодветно одржување на возилата, избегнувате зголемена амортизација на возилата и ризик за добивање на казна. Со помош на SafeFleet, можете да поставите датум на истек за секој документ за кој сакате да водите евиденција. Известувањето кое го добивате во апликацијата ќе ве потсети, за секое возило посебно, на датумот за истекот на осигурувањето, лизингот или кога следува нареден технички преглед.

Интеграција со API

SafeFleet овозможува интеграција со други софтверски решенија преку API каде што земјоделските површини и позициите на возилото генерирани во SafeFleet може да се пренесат во апликациите кои вие ги користите.

Компании во поле на земјоделството кои користат решенија на SafeFleet

                    

Побарај понуда!/!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close