Избегнување на казни

Секое возило мора да ги почитува сообраќајните правила и зададените услови за одржување на истото. Избегнувањето на правилата и недостатокот од информации за работата и одржување на флотата може да донесе зголемување на трошоците по основ на казни.

OBU One

 

OBU One е решение за автоматско плаќање на патарина во HU-GO системот во Унгарија. Автоматското плаќање е активирано по инсталацијата на OBU One уред во возилото, и според информациите кои ги праќа OBU One уредот, сумата која е потребна за патарина се наплаќа во HU-GO системот директно од сметката на корисникот. На овој начин, возачите можат слободно да се движат низ патиштата во Унгарија без да се грижат за плаќањето на патарини.

Истек на документи

 

Преку оваа функција во апликацијата можете да поставите рокови на истек на важење на вињетки, гаранција за моторно возило, осигурителна полиса, лизинг, техничка инспекција, сервисна инспекција , замена на моторно масло или гуми. Исто така, можете да поставите и ваши кориснички полиња за други документи за кои сакате да имате евиденција, како на пример вињетки од повеќе држави.

Тахограф

 

Уредот кој е инсталиран дозволува снимање на повеќе податоци на активностите на возачот од специјалната картичка на тахографот. Тахографот ви овозможува да вршите редовни контроли за да ги надгледувате часовите на возење на возачот и времето на правење пауза. Врз основа на оваа картичка, менаџерот го знае статусот на возачот: слободен, зафатен или на пауза.

Известување за брзина

 

Во SafeFleet порталот можете да поставите ограничување на брзината и да добивате известувања кога ќе бидат пречекорени. Оваа апликација ви нуди и можност за увид дали ограничувањата на брзина на одредени сегменти од патот се пречекорени.

Зачувување на документи

 

За чување на комплетна документација поврзана со возачите и возилата кои ги возат, апликацијата дозволува прикачување на документи за одржувањето на возилата, возачките дозволи итн во PDF формат. Секој кој има пристап до апликацијата може да ги гледа овие документи директно од SafeFleet порталот.

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close