Интеграција со други апликации

Вашата компанија која има сопствена флота ќе мора да се справи со различни потреби, од подобрување на ефикасноста на секое возило до моментот на управување и користење на апликации за олеснување на неговата работа. Модерен софтвер за управување со флота би требало да понуди и можност за интеграција со разни други функционалности и апликации.

Кај Safe Fleet порталот, имате можност да интегрирате софтверски системи од трети страни, така да имплементацијата на Safe Fleet Ви нуди максимална ефикасност.

SafeFleet API

SafeFleet API испраќа информации од SafeFleet порталот кон надворешни апликации со употреба на скрипти внесени од корисниците на SafeFleet. Оваа интеграција е многу корисна за оние корисници кои имаат сопствен систем за управување или ERP и сакаат да превземат од SafeFleet апликацијата разни информации кои ќе ги зачуваат во нивните апликации.

Размена на товари и возила: TimoCom и Trans.eu

Ние ја разбираме важноста на размена на транспорт и возила за корисниците на Safe Fleet и најдовме решение за интеграција со TimoCom и Trans.eu апликациите. На овој начин, клиенти можат многу полесно да најдат превозник, и превозниците се многу повеќе пристапни за потенцијалните клиенти. SafeFleet овозможува моменталните позиции на возилата и нивните имиња да бидат пратени во TimoCom. Исто така, клиентите ја имаат можноста да ги поврзат нивните Trans.eu сметки на ГПС уредите во SafeFleet.

GateHouse

GateHouse, провајдер за моментални позиции на возилата, ги комбинира податоците добиени од повеќе телематски системи, вклучувајќи ги и податоците добиени од Safe Fleet. На овој начин, компаниите кои соработуваат со голем број на превозници можат да ги следат возилата многу полесно, без потреба нивните соработници да морат да го менуваат телематскиот систем кој го користат. Сите информации поврзани за стоката/товарот кој го превезуваат ќе бидат пренесени преку GateHouse.

SafeMinder и останати интеграции

Уште една погодност за корпоративните клиенти кои користат Microsoft Active Directory е таа, што со самата интеграцијата, може да се пристапи до SafeFleet Порталот со иста лозинка за пристапување (login data), и со самото тоа корисникот нема потреба да памти посебна лозинка за нашата апликација.

Голем број од нашите клиенти користат апликации за менаџирање со флоти на возила. Како дополнување на пакетот на услуги може да ви понудиме SafeMinder апликација, која заедно со SafeFleet апликацијата дават можност за исполнување на секоја потреба на компаниите во делот на менаџирање со флоти, независно од бројот и какви активности извршуваат возилата.

Побарај Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close