Лизинг и rent-a-car

Дали вашите корисници ги почитуваат зададените региони на движење со возилото?
Дали имате контрола над амортизацијата на возилото?
Дали Вашите методи за намалување на трошоците се ефективни?

Како менаџер на флота во компанија за изнајмување на возила морате да водите сметка на различни фактори кои влијаат на услугата која ја нудите. Пазарот на лизинг е многу конкурентен пазар и ви треба ефикасен менаџмент на флотата и зголемување на нивото на искористување на патнички возила.

Подобар мониторинг на возилата доведува до намалување на ризикот поврзан со флотата. Остаточната вредност на возилото е строго определена од начинот на кој е постапувано со истото, и трошоците на одржување зависат од начинот на управување на клиентот со возилото.

Како може SafeFleet да Ви помогне во управување на флотата?

 

Следење на возила користени од повеќе возачи

 

Резервација (Carpool) е опција во SafeFleet порталот која се однесува за флоти со возила кои се управувани од различни возачи. Преку оваа функција, резервацијата на возила може да биде извршена директно од апликацијата. На овој начин, возачите можат да го проверат времето кога некое возило е слободно/ достапно и возачот може да се изврши резервација за времето на користење.

Моментални позиции на возилата и привремени линкови

Со помош на опцијата Моментални Позиции, било кое возило може да биде лоцирано на мапа во реално време. Оваа функција исто така ви овоможува да ги прегледувате последните активности на возилата или позицијата на возилата во дадено време.

Праќањето на позицијата на надворешни членови може да се направи преку опцијата Привремени Линкови која се генерира директно од апликацијата. Генерирањето на привремен линк е наједноставниот метод за креирање на страна каде што траекторијата на движење на возилото може да се гледа.

 

Нотификации за Геозони

 

Опцијата Геозони е корисна за компаниите кои изнајмуваат возила бидејќи можат да се обележуваат одредени подрачја, како на пример границите на одредена држава. Откога подрачјето/регионот е дефиниран, за секое излегување од него ќе добивате текстуални пораки/нотификации.

 

Обезбедување на возило

 

SafeFleet овозможува делачинско блокирање на моторот на возилото во случај на кражба. Преку SafeFleet порталот, можете да ја контролирате опцијата за блокирање и деблокирање, и на овој начин имате целосна контрола на возилата од Вашата флота.

Истекување на документација и технички преглед

 

Kога имате возило на лизинг, многу е важно да бидете сигурни дека редовно го одржувате за да се избегне несоодветна амортизација но исто така за да го избегнете и ризикот од казна. Со помош на SafeFleet, многу е полесно да се следи датумот на истекување на различни документи. Ќе добиете нотификација/известување директно од апликацијата за секое возило посебно доколку се приближува датумот за регистрација, за осигурување или за редовен сервис.

Следење на управување на возачот со возилото

 

Преку SafeFleet порталот можете да видите доколку возачот има агресивен стил на возење, со што се зголемува амортизацијата на возилото. Со ова, можете да вклучите и казни за клиентите кои имаат агресивен начин на возење, базиран на извештаите кои автоматски се генерираат во апликацијата. Исто така, можете да вклучите и казни за возачите кои ги возеле возилата во недозволени подрачја, врз база на траекториите на движење кои се генерираат во апликацијата.

 

 

Контрола на растојанието кое е поминато со возилото

 

Со помош на SafeFleet, можете да ги контролирате поминатите километри кај оние клиенти кои имаат ограничен број на километри што можат да ги поминат. Во извештајот “Поминати растојанија”, кој се генерира во апликацијата , можете да проверите дали ограничувањето за поминати километри е достигнато од страна на клиентот кој изнајмил возило од вашата флота.

 

 

Намалување на трошоците за гориво

 

SafeFleet ви овозможува да ја следите потрошувашката на гориво, со интегрирање на повеќе методи во самата апликација: со внесување на податоци на количината на гориво за секое полнење на гориво во резервоарот, со дигитална сонда, со читање на информациите од борд компјутерот преку FMS и преку просечната потрошувачка. Со податоците кои се генерираат во апликацијата, ќе бидете во можност да преземете соодветни мерки за намалување на трошоците за гориво.

Лизинг и rent-a-car kомпании кои ги користат решенијата на SafeFleet

                

          

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close