Начин на управување на возачот со возилото

Потрошувачката на гориво е поврзана со начинот на управување на возачот со возилото. Помалку агресивен начин на возење придонесува кон помала потрошувачка на гориво, a исто така ги намалува заканите за безбедноста на возачот и другите учесници во сообраќајот како и самото возило.

Стационарен режим на возилото со вклучен мотор

Оваа функција ни овозможува да измериме колку време возилото е во стационарен (не се движи) режим додека возилото е со вклучен мотор. Можеме да поставиме лимит за стационарен режим на возилото и да добиеме известување доколку возилото е предолго во стационарен режим со вклучен мотор. Со користење на оваа информација, ќе бидете во можност да го идентификувате и корегирате начинот на управување со возилото кое предизвикува непотребни трошоци за гориво.

Пречекорување на брзината

Ова решение ни овозможува да се добие информација за пречекорување на брината на два начина. Можеме да поставиме општо ограничување на брзината за возилото, без разлика на кој сегментот од патот се патува, или може да се постави ограничување за секој сегмент од патот посебно. Апликацијата ги превзема податоците за ограничувањата на брзина од секој сегмент и ги прикажува сите пречекорувања во зависност од претходните подесувања. Добиените информации се корисни за корекција на начинот на управување со возилото, кој претставува закана за безбедноста на патот и вооедно овозможува намалување на потрошувачката на гориво.

Ненадејно забрзување или кочење

Наглото кочењето и наглата промена на брзината кои ги надминуваат нормалните вредности, се пресеметуваат со одредување на вредноста на промена на брзината во период од неколку секунди. Благодарение на овие податоци можеме да дознаеме дали возачот избегнал судир со друго возило или нагло забрзал без причина. Ваквите податоци не предупредуваат за непотребната зголемена потрошувачка на гориво, зголемениот ризик за сообраќајни незгоди, забрзаната амортизација на возилото и загадувањето на околината.

Судар

Оваа опција ни овозможува да водиме евиденција за сообраќајните незгоди кои се предизвикани со возилата од флотата и возачите кои учествувале во нив. Доколку се анализираат информациите, можат да се забележат тенденциите во начинот на управување со возилото, и преку известувањата кои се праќаат онлајн, преку е-маил или СМС може да се превземат мерки за намалување на бројот и на сериозноста на несреќите.

Побара Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close