Обезбедување

Дали сакате да го поуспешите времето за интервенција?
Како ја осигурувате безбедноста на вашите возила?
Дали е лесно да управувате со возилата кога се на пат?

Потребното време да се стигне до одредена локација одкаде што е направено барањето за интервенција, е од исклучителен значај за секоја компанија за обезбедување. Брзина на реакција на барањата на корисниците го потврдува вашиот капацитет да понудите заштита и обезбедување на сите што имаат таква потреба.

Ако управувате со компанија за обезбедување специјализирана во делот на транспорт на вредни предмети и стока, недостатокот на безбедносен систем на возилата ќе придонесе вашата реакција за навремена интервенција во случај на кражба да биде невозможна.

Ако зборуваме за компанија специјализирана во делот на дизајнирање на системи за обезбедување, вие треба да водите сметка за повеќе активности истовремено, како што се инсталација и одржување на системите или пак консултација во тој дел. Во случај да не се воведе решение за мониторинг, многу потешко е да се има контрола на трошоците како и активноста на вработените.

Како Safe Fleet може да ви помогне да управувате со флота на возила?

Обезбедување на транспорт на вредни предмети и стока

За компаниите за обезбедување, специјализирани во делот на транспорт на вредни предмети и стока, SafeFleet обезбедува безбедност на транспортот преку контакт сензори за врата и аларми кои се активираат ако вратата е отворена без авторизација.

Во итни ситуации, возачот може да го притисне копчето за паника, уред кој е поставен на дофат на возачот, и да испрати предупредување на дипечерскиот центар. Диспечерскиот центар е веднаш информиран преку текстуална порака, е-маил или онлајн, директно на апликацијата што би овозможило навремена интервенција на местото на инцидентот.

SafeFleet нуди целосна контрола на транспортот на вредни предмети и стока, блокирајќи го моторот на возилото со далечинска команда во случај кога возилотот е украдено. Со помош на аплиакцијата може да ја активирате или деактивирате блокадата.

Управување на оддели користејќи ја флотата

 

Поделба на субфлоти

Со SafeFleet, следењето на возилата станува многу полесно бидејќи решението нуди можност за креирање на субфлоти согласно територијата на која се управуваат возилата или пак во зависност од тоа кој оддел од компанијата (продажба, подршка, транспорт) го користи возилото.

 

Единственствена проверка на идентитетот на возачот

SafeFleet ви помага да поставите кои возачи се авторизирани да имаат пристап до кои возила и воедно да можат да се идентификуваат при секое користење на возило, користејќи Клуч за Идентификација (iButton key). Оваа функционалност успешно се користи за возила кои транспортираат вредни предмети и стока, но исто така и кога едно возило е користено од страна на повеќе возачи.

Профил на управување на возачот со возилото

Со SafeFleet можете да поставите профил за секој возач користејќи ја функцијата на следење на начин на управување со возилото: ненадејно забрзување и кочење, сообраќајни незгоди, надминување на ограничување на брзината и неоправдан статус на мирување на возилото со вклучен мотор.

Патувања за приватни потреби

Секое патување извршено надвор од работните часови или пак надвор од регионот во кој е дозволено да се движи возилотот може лесно да се детектира од страна на SafeFleet. Со помош на Safe Fleet, можете многу едноставно да поставите во апликацијата работни часови со што ќе ги одвоите службените патувања од приватните или пак може возачот да ги означи патувањата кои се за потребите на компанијата и тие што се приватни.

Двонасочна комуникација

SafeChat обезбедува двонасочна комуникација со возачите и испраќање на работни задачи од диспечерскиот центар до одделот одговорен за одржување на системите за обезбедување.

Патни налози

Користејќи ги автоматски генерираните извештаи од SafeFleet апликацијата, немате потреба да водите сметка за патните налози. Тие автоматски се генерираат во согласност со законската регулатива.

Контрола на трошоци поврзани со горивото

SafeFleet овозможува да ја следите потрошувачката на гориво користејќи 4 методи: мерење со сонда за гориво, читање на податоци од борд компјутер преку FMS и преку информации врз база на полнења на гориво во возилата и пресметка на просечната потрошувачка. Заедно со останатите функционалности на апликацијата, во можност сте да ја одредите потрошувачата на гориво за службени и посебно за приватни цели, но истотака и потенцијалните кражби на гориво.

Копмании во полето на Обезбедување кои користат SafeFleet решенија.

          
           

Побара Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close