Зошто да станете партнер со SafeFleet

Сопствен Бренд

Доколку веќе имате бренд и не сакате да ги изгубите клиентите со префрлување на друг систем, ние можеме да Ви помогнеме. SafeFleet Платформата може да се прилагоди со домејн, лого и боја на начин кој ги претставува интересите на вашата компанија

Повеќе јазична платформа

SafeFleet платформата е веќе преведена на 13 јазици. Засега ги имате следниве јазици: англиски јазик, германски јазик, италијански јазик, полски јазик, унгарски јазик, романски јазик, македонски јазик, турски јазик, албански јазик, грузиски и арапски јазик. Благодарејќи на алатката за преведување која е интегрирана во системот, многу е едноставно да се додаде нов јазик и тоа за неколку дена. Ние ќе го направиме тоа за Вас.

Извештаи и корисници

Достапни ви се преку 50 извештаи, посебно за секое возило, за цела флота или за одреден оддел/субфлота. Функционалноста на повеќе нивоа и географски поставената хиерархија на субфлоти дозволува лесно поставување и администрација на системот. Ќе добиете корисничко име со администраторски права за да го менаџирате пристапот/ корисничките профили на вашите клиентите (со повеќе нивоа на пристапност кон системот: администратор на компанија, аминистратор на оддел и обичен корисник) и пристап кон системот преку безбедна https конекција.

Платформа за поддршка базирана на тикети

Имате ли проблеми при одржување на платформата на Вашиот клиент и обезбедување на сервис на високо ниво? Интегрираната платформа за поддршка базирана на тикети овозможува сите проблеми да се испраќаат во SafeFleet порталот што обезбедува високо ниво на поддршка. Корисникот добива известувања во која фаза на решавање е проблемот (отвoрен тикет, прифатен, во процес на решавање, затворен итн.)

Интегрирање на надворешни инсталатери во процесот на инсталација

Со преку 10 годишно искуство во бизнисот со телематски решенија, знаеме колку е важно да се има перфектно инсталиран уред во возилото. Веќе соработуваме со повеќе од 50 партнери за инсталација низ цела Европа, и за таа цел развивме комплетна интеграција на процесот на инсталација со било која работилница. Инсталатери од трета страна имаат посебен пристап за менаџирање на инсталациите, сервисните интервенции, можност да направат онлајн тест и дури да ги следат издадените фактури.

Едноставно интегрирање со други ИТ системи

Вашите клиенти користат различни софтверски решениа кои треба да бидат интегрирани со вашиот производ. Стандардниот веб API сервис дозволува понатамошна интеграција со други системи. Нашиот API е едноставен и лесен за користење.
Ние имаме искуство во интеграција со ERP, софтвер за логистика и CRM.

Помош при фактурирање

Следење на побарувањата може да биде комплицирана работа која бара повеќе вработени со цело работно време. Според нашето искуство со повеќе од 4.000 клиенти, креиравме систем кој може да им помогне на нашите партнери во менаџирањето на нивните клиенти. Системот може да биде конфигуриран да врши фактурирање според клиент, уреди, временски период или промоции. Истиот Ви овозможува да креирате различни сервисни пакети кои содржат различни карактеристики и извештаи (основен пакет, професионален, премиум …) и исто така поддржува повеќе валути.

Сервер на корисникот или “Cloud” базирана платформа

Дали имате големи трошоци за постоечката ИТ инфраструктура? SafeFleet платформата овозможува да ја поставите и користите на вашиот дата центар, во вашите простории или пак да биде поставена директно на “Cloud”. Архитектурата на самата апликација е така дизајнирана за да овозможи едноставен начин на развој согласно потребите на пазарот и технолошките иновации. За опцијата “Cloud”, ние овозможуваме и се грижиме за постојаното подобрување и надоградба на системот како и обнова на податоците во случај на несреќа.

Отстранување на грешки и Дијагностика

Вашиот тим ќе има пристап кон модулот за отстранување на грешки и Дијагностика на уредите и функционалноста на системот. Со овој систем ќе ги користите во целост сите унапредувања и надоградби на перформансите на системот. Осигурување на Квалитет извештајот овозможува клиентот да ја оценува точноста и постојаноста на податоците добиени од системот.

Поддршка за повеќе уреди

На пазарот постојат многу видови на ГПС уреди и Вие неможете да се одлучите кој хардвер е најпогоден за вашиот бизнис. Платформата е дизајнирана да се користи со повеќе хардверски решенија и веќе е интегрирана со повеќето релевантни произведувачи на ГПС и дополнителни уреди. Системот обезбедува отворен протокол, што дозволува нашите партнери да ги поврзат нивните ГПС уреди на нашата платформа. Можеме да интегрираме нов уред за неколку недели.

„Тешка е одлуката за миграција од своја постоечка апликација за ГПС решение. Ја одбравме SafeFleet платформата, од причина што сакавме да го зголемиме задоволството кај корисниците и воедно да имаме можност да им понудиме повеќе. Денеска, ние сме познати и признати на пазарот како компанија која обезбедува стабилни и квалитетни ГПС решенија, платформата која обезбедува можност за понатамошна надградба со сите технолошки иновации, можност за користење на различни ГПС компатибилни уреди, голем број на извештаи, информации кои се постојани и точни и повеќе функционалности во споредба со конкуренцијата.
Тимот на SafeFleet ни дава одговори навремено, ни обезбедува соодветна техничка подршка која е потребна за секако тип на инсталации на ГПС решенијата и воедно ги споделува нивните искуства во развој на нови бизнис идеи.
После година дена успешна соработка, сигурни сме дека направивме правилна одлука во изборот на нашиот партнер во делот на ГПС решенијата. “

Игор Пупалески

Ко-Сопственик. Интелегент Нетворк Солушн, Intelligent Network Solutions

Како да станете SafeFleet Партнер

како да станете наш партнер

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close