Потрошувачка на гориво

Потрошувачката на гориво вклучува еден од најголемите оперативни трошоци на компанијата. Во тие услови, ефикасна употреба и избегнување на загуби и кражба, можат да направат голема разлика во правилно и економично користење на компаниските возилата. Инструментите за следење не ја подобруваат потрошувачката по автоматизам, туку обезбедуваат важни информации со кои можете да идентификувате аномалии или можни проблеми и да превземете мерки за подобра ефикасност и помала потрошувачка.

Мерење на ниво на гориво со сонда

 

Овој метод вклучува инсталирање на сонда внатре во резервоарот за гориво со која директно се мери нивото на гориво. Ова е еден од најточните методи за мерење гориво, бидејќи не само што ја пресметува потрошувачката брз база на варијацијата на нивото на гориво, туку и дава известувања за ненадејни варијации на горивото што укажува на можни полнења или кражба.

Читање на информации од патен компјутер.

 

Safe Fleet уредот може да се поврзе на стандардниот FMS интерфејс на возилото или преку VDI дополнителен модул, преку кои се дозволува читање на информации директно од патниот компјутер на возилото. Оваа опција е доста популарна бидејќи преку неа можете да добиете повеќе видови на информации како на пример: ниво на гориво во резервоар, километража на возилото, брзина на мотор или информации од тахографот.

Nресметка на потрошувачка преку полнење на гориво

 

Оваа опција се базира на пријавување на полнења на гориво во системот. Доколку компанијата користи картички за гориво, поединечните полнења на горивото можат да бидат внесени во Safe Fleet, рачно или пак автоматски од добавувачите на гориво, и потрошувачката на гориво се пресметнува според поминатите километри помеќу две полнења на гориво.

Пресметка на просечна потрошувачка на гориво

 

Наједноставната опција вклучува внесување на информациите за потрошувачка од прирачникот за користење на возилото и пресметката се прави врз основа на просечната потрошувачка за секое возило посебно. Предноста на овој метод е што не се потребни дополнителни инвестиции или опрема.

Побара Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close