Следење на флотата во реално време

Следење на флотата значи многу повеќе од гледање на локацијата на возилата и на дестинацијата кон која се движат, и е решениe за подобрување на функционалноста на флотата на возила во целост. Доколку сакате да ја зголемите ефикасноста, можете да го постигнете тоа со опримизација на рутите на движење користејки обновени мапи и известувања за сообраќајот во релано време.

SafeFleet системот е идеално решение за управување на возилата кои се на пат подолг временски период или кои се движат во реони со сообраќаен метеж.

Моментални позиции

Со помош на оваа функција можете да ја видите моменталната позиција на возилото на мапа, последните активности на возилото, но исто така и позицијата на возилото во било кој временски период, кое е во корелација со зададена точка од интерес или точна адреса. Моменталната позиција може да биде пратена кон надворешна апликација преку SafeFleet API.

Следење на возилата

Гледањето на позицијата на возилото во реално време е достапно само доколку е вклучен моторот на возилото. Позицијата на мапата се обновува на секои 10-20 секунди доколку кликнеме на опцијата “ Watch This Vehicle”. Оваа функција е многу корисна за домашни и интернационалните транспортни компании, кои можат да им ја испратат на своите клиенти точната позиција на возилото и точното време на пристигнување.

Лиценцирани Google мапи

 

Користењето на SafeFleet порталот ви овозможува да ја следите и координирате целата флота, но исто така бргу и ефикасно да одговорите на потребите на возачите и клиентите. SafeFleet ви ги нуди OpenStreet Maps, во кои се вклучени детали како улични броеви и броеви на куќи и лиценцирана верзија на Google Maps, GoogleMaps Satellite and GoogleMaps Physical. Со помош на овие обновени мапи можете да ги пронајдете оптималните рути за максимална ефикасност.

Сообраќаен метеж

Покрај оптимизацијата на рути и следењето на возилата, Google мапите ви помагаат да го одбегнете сообраќајниот метеж, преоптоварените области или области каде возилата се движат со потешкотии. На овој начин, можете да носите одлуки за движењето на возилата без да губат време и да влијае негативно на активностите на компанијата.

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close