Транспорт и Логистика

Дали вашето возило безбедно ги пренесува производите?
Како го следите начинот на управување на возачот со возилото на патот?
Дали се ефикасни вашите методи за заштеда на гориво?

Како Менаџер на Флота на возила во полето на транспорт и логистика, вие треба да манџирате повеќе ресурси, почнувајќи од назначување на камиони за секоја рута за да може да го извршите транспортот поефикасно. Секој поминат дополнителен час на пат кој е неоправдан, кражбата на гориво, дури и кражба на камион имплицира огромни трошоци, кои го афектираат целиот буџет на компанијата.

Како SafeFleet ви помага да управувате со фолтата?

Следење на потрошувачката на гориво

 

Кражба на гориво од резервоарите кои имаат капацитет од стотици литри претставува значаен извор на непредвидени трошоци, кои негативно влијаат на целиот буџет на компанијата. SafeFleet, ви овозможува да ја следите потрошувачката на гориво со помош на интегрирање на два прецизни методи во самата апликација: со помош на сензор за гориво, читање на податoци од борд комјутер преку FMS и информации врз база на полнења на гориво во возилата со што ќе можете да воспоставите систем на проверка како горивото е потрошено за секое возило поединечно.

Следење на начинот на управување на возачот со возилото

Профил на управување на возачите со возилото

 

Агресивното возење влијае во голема мерка на потрошувањката на гориво, но исто така може да доведе до трошоци поврзани со плаќање на казни за непочитување на сообраќајните правила. SafeFleet порталот ви овозможува да креирате профил за секој возач на основ на функциите кои го следат начинот на управување со возилото: ненадејни забрзувања или кочења, сообраќајни незгоди, надминување на дозволената брзина и неоправданиот статус на мирување на возилото со вклучен мотор.

 

Двонасочна комуникација со возачите

 

SafeFleet овозможува двонасочна комуникација со возачот преку SafeChat апликацијата. На овој начин диспечерскиот центар може да испраќа пораки, работни задачи или пак да најави промена на рута или дестинација. Возачот може директно да одговори на диспечерот со порака преку апликацијата, инсталирана на неговиот паметен телефон.

Идентификација на возачите

 

Safe Taho ви овозможува да ги идентификувате вашите возачи преку користење на тахограф картичката и дава можност да ги следите часовите на возење на овие возачи. Со помош на ова функционалност, ви сте сигурни дека возачот управува со возилото во согласност со вашите интерни правила и државни закони. Истотака за идентификација на возачите, SafeFleet предлага користење на Клуч за Идентификација (iButton), која опција е исклучително корисна кога возилата ги возат повеќе возачи.

Следење на возилата

Моментални позиции

 

Safe Fleet ви овозможува да ја следите позицијата на вашето возило користејќи Google Maps или пак SafeFleet Global function, кој испраќа податоци преку сателит и не е зависен од ГПС сигнал. Податоците од апликацијата ви помагаат да ја гледате траекторијата на возилотот на мапа, локацијата во реално време, брзината и насоката на движење и дали возилотот се движи или е паркирано. Опцијата Моментална позиција може брзо да се ажурира преку функцијата Следи го Возилото, како што е прикажано.

Аларми за геозони

Со помош на функцијата Геозони, секое преминување надвор од територијата дефинирана во апликацијата, ГПС уредот сигнализира со праќање на известување до предходно дефиниран телефонски број. На овој начин го елиминирате моментот на непотребна потрошувачка на гориво, дополнителни часови на работење секогаш кога ќе излезете од рутата која ви е претходно дефинирана.


Интернационалните транспортни компании кои транзитираат преку Германија мора да го знаат времето на престој на секое возило за да бидат во согласност со законската регулатива на MiLOG законот. Вие можете во секое време да го потврдите времето на возење на вашиот возач преку извештајот за Региони од Интерес.

Плаќање на патарини

Safe Fleet озвозможува плаќање на патарини во Унгарија на сите интернационални транспортери. OBU One е решение за автоматско плаќање на патарина преку HU-GO системот во Унгарија. Врз основ на информациите испратени од OBU One, износот за патарина ќе биде автоматски одземен од сметката на корисникот, така што возачите можат да продолжат со извршување на транспортот без да се грижат за плаќање на патарината.

Следење на полуприколки

Safe Fleet ви нуди специјално решение за следење на движењето и употребата на полуприколките кои транспортираат призводи со висока вредност. Безбедноста на транспортот е обезбедена преку специјални визуелни и звучни предупредувања.

Секое отварање на вратата од полуприколката и секое откачување на полуприколката од влекачот треба да биде авторизирана и во секое време се знае кое лице ја извршило операцијата. Во случај кога полуприколката не е поврзана со влекачот, истата може да биде следена со поставување на ГПС систем со дополнителна батерија инсталиран директно на полуприколката.

Секое неавторизирано користење на полуприколката се сигнализира преку аларми, вклучувајќи ги и случаевите кога некој ќе проба да го отвори ГПС уредот, и во тој случај диспечерот е веднаш информиран за можна кражба или пак саботажа.

Температурниот сензор инсталиран внатре во ладилникот овозможува да проверите во секое време дали производите се пренесуваат во соодветни услови, и SafeFleet автоматски генерира извештаи каде што можете да проверите дали темепратурата на стоката која се транспортира е во согласност со зададените параметри.

Компании во полето на транспорт и логистика кои користат SafeFleet решенија

                                           

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close