Јавни Претпријатија

Дали сакате да проверите дали предефинираните рути се усогласени?
На кој начин се одвива комуникацијата помеѓу диспечерот и возачот?
Кои методи се користат за намалување на потрошувачката на гориво?

Ефикасноста на управување со флотата може да се увиди во брзината на превземање на активности за решавање на проблемите на пат, независно во која област работи Јавното Претпријатие: оджување, комунална хигиена, патна инфраструктура или јавен превоз и транспорт.

Комуникацијата помеѓу возачите и диспечерскиот центар, различни оддели и други вработени кои користат службени возила, проверката на рути и потрошувачка на гориво се само неколку од аспектите за кои треба да имате целосна контрола за да можете успешно да ги извршувате вашите активности.

Како SafeFleet може да ви помогне да ја управувате вашата флота?

Следење на возачи

Двонасочна комуникација со возачот

 

SafeFleet овозможува двонасочна комуникација со возачот преку SafeChat апликацијата. На овој начин диспечерскиот центар може да испраќа пораки, работни задачи или пак да најави промена на рута или дестинација. Возачот може директно да одговори на диспечерот со порака преку апликацијата, инсталирана на неговиот паметен телефон.

Следење на начинот на управување на возачот со возилото

 

Начинот на управување на возачот со возилото директно влијае на потрошувачката на гориво. Преку SafeFleet порталот можете да утврдите дали возачот има агресивен начин на возење и можете да превземете мерки кои ќе влијаат во намалување на потрошувачката на гориво. SafeFleet апликацијата ви овозможува пратење на нагли забрзувања или кочења, сообраќајни незгоди, надминувања на дозволената брзина како и непотребното работење на моторот додека возилото е во мирување.

Патувања за приватни цели

 

Недостатокот на одвојување на различните видови на патувања, придонесува да имате поголема потрошувачка на гориво од потребното. Со помош на Safe Fleet, можете да поставите распоред на работни часови и денови директно преку порталот или пак може да оставите можност, возачот да ги означи патувањата кои се за потребите на компанијата и тие што се приватни. Функцијата Геозони, ви дава можност за дополнителна конторола на регионот во кој се движи возилото.

 

Идентификација на возачи

 

Со помош на клучот за идентификација (iButton key), SafeFleet ви помага да воспоставите кои возачи се авторизирани за пристап и управување со кои возила и тие мораат да се идентификуваат при секое користење на возилото. Оваа функција е исклучително корисна кога едно возило или пак машина ја користат повеќе возачи.

Следење на возила

Следење на потрошувачка на горивото

 

Кражбата на гориво од резервоарот претставува непредвиден трошок за компанијата кој директно влијае негативно на претходно дефинираниот буџет. SafeFleet ви овозможува да ја следите потрошувачката на гориво со помош на интегрирање на повеќе методи во самата апликација: со помош на сензор за гориво, читање на податoци од борд компјутер преку FMS, информации врз база на полнења на гориво во возилата и со пресметка на просечна потрошувачка.

Поделба во субфлоти

Со SafeFleet, следењето на голем број на возила станува многу поедноставно. Самата апликација овозможува детално следење на возилата и можност за креирање на субфлоти во зависност од територијална распределба на управување на возилата или пак распределба на возилата во зависност кое возило на кој оддел припаѓа.

Дефинирање и следење на рути

SafeFleet Порталот ви овозможува креирање на предефинирани рути, кои може да се користат и за функцијата Геозони. Извештајот за Совпаѓање на Траекторијата ви нуди целосна слика на рутите поминати со возилото. Посетите на Точки од Интерес е извештај за активност генериран од страна на SafeeFleet, каде што можете да проверите дали на одредената точка од интерес, посетата од страна на вработетниот/возачот е навистина извршена. Овој извештај ви покажува време и времетраење на посетата на местото од интерес.

Известувања за Региони од Интерес

Функцијата Геозони е корисна за Јавни претпријатија кои имаат можност да постават региони или пак патишта на движење на возилата. Одкако регионот е дефиниран, секое излегување на било кое возило од регионот вие добивате предупредување преку текстуална порака. Функцијата Геозони ви возможува да ги следите активностите на возилата во одреден регион како што се, време на движење на возилото, време на мирување, растојание кое возилото го поминало како и сите настани и патувања направени во регионот што се анализира.

Сензори за врати

SafeFleet истотака обезбедува следење на активностите на возачите преку сензорите кои се поставуваат на вратите на возилата и наоѓаат примена кај Јавните Претпријатија за Превоз и Комунална Хигиена. Со помош на овие сензори, SafeFleet ви овозможува да проверите дали вратите се отвориле при застанување на возилото на точките од интерес.

 

Интеграција со API

 

SafeFleet овозможува интеграција со API на други апликации кои веќе ги користите, каде што може да добивате податоци пратени од нашата апликација. На пример, некои компании ја користат оваа функција да испраќаат податоци за моменталната позиција на возилата на нивните веќе постоечки апликации.

Користење на SafeFleet решенијата кај компании кои работат на полето на јавен интерес

                 

            

Побарај понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close