Најчесто поставувани прашања

Купување

Кој е минималниот период на кој се склучува договорот?
Минимален период на кој се склучува договорот е 12 месеци.

Дали претплатата за роаминг услугите се плаќа одвоено?
Претплатата за роаминг услугите (пренос на дата) е вклучена во претплата за сервис.

SafeFleet апликација

Колку корисници може да се додадат и да ја користат апликацијата (Порталот)?
Може да ја користат неограничен број на корисници.

Дали може моите клиенти да им овозможам да бидат корисници на аплиакцијата?
Да, има повеќе опции како може да им овозможите да се гледа моментална позиција на одредени возила на трети страни.

  1. Може да креирате нов корисник во апликацијата и поставите лимитирани права на користење, во зависност од тоа што би сакале да му овозможите на вашиот корисник кон кои опции да има пристап.
  2. Може да генерирате привремен линк, кој овозможува прикажување на траекторијата на движење на возилото; линкот ќе биде овозможен за временски период кој вие ќе го одберете.

Може да овозможите друг Safe Fleet кориснички приказ на сите возила и сите извештаи на вашата компанија преку опцијата која го овозможува тоа.

Како да ја активирам роаминг услугата?
Роаминг услугата е веќе активна во период на инсталирање на уредот и корисникот нема потреба за никакви дополнителни интервенции во порталот. Секако, претходно корисникот мора да назначи на Продажниот агент дека сака да има можност возилото да го гледа и вон границите на државата.

Дали имате мобилна апликацијата?
Да, како корисник на Safe Fleet вие може да бесплатно да инсталирате мобилна апликација која се нарекува fliGO од
AppStore или пак Google Play.
Дополнителни информации во врска со fliGO апликацијата може да добиете на нашата официјална fliGO страница.

Инсталација, Сервис и Техничка Подршка

Кој е гарантниот период на ГПС уредот?
Гаранцијата е 24 месеци.

Каде се врши инсталацијата?
Инсталацијата може да се направи во наши партнерски сервисни центри низ Европа, како и преку мобилни екипи на сервисери низ Македонија и од страна на самиот корисник користејќи го прирачникот за инсталација.

Дали инсталацијата на уредот ја менува гаранцијата на возилото?
Не, инсталацијата не влијае на гаранцијата на возилото.

Дали може сам да ја извршам инсталацијата преку “self-install?
Да, секој корисник може да изврши инсталација преку self-install.

Кои се видови на инсталации се возможни?
Инсталација и деинсталација на ГПС уред и сезори за гориво (сонди), префрлување на ГПС уред од едно на друго возило, промена на сензор за гориво, промена на СИМ картичка како и други сервисни операции.

Кои сервисни операции се наплаќаат?
Сервисните операции кои се надвор од операциите кои се дефинирани во гарантниот опсег и период се наплаќаат: инсталација и деинсталација на ГПС уред и префрлување од едно на друго возило. Реактивација на СИМ картичка се наплаќа независно од периодот на гаранција.

Дали имате оддел за подршка и кое е работното време?
Да, имаме оддел за подршка кое може да ви даде навремен одговор на сите ваши барања кои се побарани преку Safe Fleet порталот. Исто така барањето може да го пратите на gps@ins.com.mk или support@safefleet.eu

Може да се јавите на Техничка подршка од Понеделник до Петок, од 9 до 18 часот, на следните телефонски броеви:
   +38970342351  |   +38970342338   |   0317 101 382

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close