SafeFleet Логистика

Целосно решение за полуприколки

 

Автономија и заштита од кражби

 

Опремата финкционира со внатрешна батерија во случај кога има прекин на надворешно напојување (кога ја откачуваме приколката од камионот). Резервната батерија има средно/висок капацитет што овозможува целосна независност во работењето на полуприколката. При кражба, кога се отвараат вратите алармот автоматски се вклучува и сигнализира.

 

Реално време, визуелен и звучен аларм

 

Секој неавторизиран настан автоматски генерира визуелен и звучен аларм кои во реално време се пренесуваат до возачот и диспечерот преку маил или СМС порака. Ова решение претставува одличен начин на следење на камиони со полуприколки.

 

Веб базиран Портал

 

Собраните податоци (настани, аларми, температура на карго простор, позиција, брзина, растојание и други информации) се достапни до корисниците преку веб базираниот портал преку уреди кои се поврзани со интернет.

 

Реално време, специфични настани

 

Алармите генерирани од настани како откачување на приколката од камионот или неавторизирано отварање на карго делот на приколката, локално се пренесуваат до диспечерот преку визуелни и звучни сигнали користејќи ГПРС, СМС и е-маил.

 

Историски податоци и визуелизација на податоци во реално време

 

Корисниците имаат пристап до податоците во реално време и до деталните извештаи кои содржат историски податоци: патувања, растојанија, настани, аларми и многу други.

 

Идентификација на возач

 

Модулот за идентификација на возач овозможува системот да го идентификува авторизираниот пристап и интервенција при откачување/закачување на приколката со камионот како и отварање/затварање на вратите во карго делот на приколката.

 

Пристап до опцијата позиција и патувања до други надворешни лица

 

Моменталната позиција и историјата на патувања може да биде обезбедена како опција за следење за потребите на надворешните соработници и партнери без да им биде овозможен целосен пристап до апликацијата.

Побарај Понуда!

This site uses cookies to offer you a better browsing experience. By continuing to browse the site, you agree to our use of cookies Read More

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close